Молде по продолженија ја заврши фудбалската бајка на Клаксвик, Макаби и Раков сигурно до плеј-офот (ВИДЕО)

137

Норвешки Молде го совлада Клаксвик од Фарските Оствори на домашен терен дури по продолженија во реванш мечот од полуфиналето во квалификациите на Лигата на шампионите со 2:0 и со тоа ги сапре фантастичните гости кои имаат историска евро-сезона зад себе.

Молде поведе во 17 минута со 1:0 и до крајот на мечот успеа да ја задржи предноста. Поради минималниот пораз на првиот меч од 2:1, Молде се избори за продолженија, каде во 110 минута со втор гол обезбеди место во плеј-офот кој води во групната фаза на ЛШ.

Полски Раков и вторпат беше подобар од Арис, откако во Лимасол вечерва славеше со 1:0. Макаби Хаифа исто така оди во следната фаза откако и вторпат славеше над Слован Братислава, овој пат дома со 3:1.

 

ПретходноТод Боли за една година потроши 1 милијарда евра за 23 нови засилувања на Челзи
СледноДинамо на Ристовски капитулираше на „Максимир“, Копенхаген ја доби драмата во Прага (ВИДЕО)