Од петок во „Борис Трајковски“ почнува 47. издание на Меморијалот „Чајка“

112

Агенцијата за млади и спорт и Одбојкарската федерација на Македонија денеска го промовираа 47-то издание на традиционалниот меморијален турнир “Бранко Хаџииљоски Чајка”.

Од петок до недела, во салата “Борис Трајковски” во Скопје ќе гостуваат Египет, Јапонија и Грција, а интерконтиненталниот карактер на турнирот македонските одбојкари ќе го искористат за подготовка за Европското првенство во Скопје од 30-ти август до 6-ти септември.

ОФМ на настанот го презентираше и пехарот на 33-от Европски шампионат, а ги претстави и дресовите со коишто македонските одбојкари ќе настапуваат на континенталниот собир.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ:

Петок:

17.30 Грција – Египет

20.15 МАКЕДОНИЈА – Јапонија

Сабота:

17.30 Јапонија – Грција

20.15 МАКЕДОНИЈА – Египет

Недела:

17.30 Египет – Јапонија

20.15 МАКЕДОНИЈА – Грција

ПретходноМалески во нападот на Брера
СледноE. Пелистер убедливо поразен на стартот на Добој