ОФИЦИЈАЛНО: Де Брујнe во „аут“ неколку месеци

145

Офанзивниот играч за врска Кевин де Брујне ќе отсуствува од фудбалските терени меѓу три или четири месеци, тоа го објави менаџерот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола. Минатата сезона Белгиецот имаше иста повреда во финалето од ЛШ против Интер. Од тогаш ги пропушти сите контролни натпревари на „граѓаните“. Тој се појави во второто полувреме против Арсенал во Комјунити шилд на 6. август, а мечот со Барнли го почна од првата минута. Но по 23 минути се повреди и беше заменет.
Повредата е сериозна. Треба да одлучиме дали ќе се оперира или не, но во секој случај ќе отсуствува три или четири месеци“, изјави Шпанецот.

ПретходноБехaр Фета направи трансфер од Воска во Марибор
СледноДе Лаурентис кон ФИГЦ: Ќе нѝ платите ако го сакате Спалети за селектор