Официјално: Нејмар потпиша за Ал Хилал – добива приватен авион, вила и високи бонуси…

565

Тоа што се зборуваше во изминатите денови сега е официнално потврдено. Бразилецот Нејмар е нов фудбалер на Ал Хилал од Саудиска Арабија.
Пари Сен Жермен за овој трансфер доби 90 милиони евра што го прави најскапиот фудбалер во Азија, а Бразилецот потпиша договор на две години вреден 200 милиони, но таа цифра со бројни клаузули и бонуси може да стигне до 350 милиони евра.

Неофицијално, Арапите му дале и приватен авион на располагање кога и да го побара, потоа голема вила за престој со послуга, договорил бонус од 80.000 евра за секоја победа на тимот, а за секоја објава или приказна која ќе ја објави на „Инстаграм“, а ја промовира вредноста и државата Саудиска Арабија, да добива по 500.000 евра.

ПретходноИвановски поразен на стартот на челинџерот во Полска
СледноБаер си купи голман од Манчестер Јунајтед