Пропадна трансферот на сега веќе екс капитенот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер во Вест Хем. Двата клуба се договорија за трансферот во вредност од 30 милиони фунти, но сепак, Мегваер и неговите агенти побараа 7 милиони фунти за да го напуштат Олд Трафорд. Поточно, Мегваер се согласува на помала плата во Вест Хем, но и исплата од Јунајтед затоа што си заминува. Чекањето очигледно беше предолго за Вест Хем, па клубот се врти кон други опции.
Мегваер минатата сезона го загуби стартното место кај „црвените ѓаволи“, а летово ја загуби и капитенската лента. Дефанзивецот сака да игра редовно и со оглед на неговиот статус на репрезентативец.