Уапсените хрватските навивачи кои учествуваа во тепачката во Атина во која загина Михалис Кацурис ќе бидат прераспределени во грчките затвори, а за тоа време нивните родители се собраа пред Министерството за надворешни работи во Загреб и побараа правда: „Правда за нашите навивачи“ и „Вратете ни ги децата“, пренесува „Вечерњи лист“.
„Родителите стравуваат дека ќе бидат поделени во помали групи во затворите и дека ќе бидат предмет на обиди за одмазда од страна на Грците. Писмата се испратени до претседателот, премиерот, јавниот обвинител и другите институции“, се наведува во текстот.
Да потсетиме, хаосот настана кога навивачите на Динамо Загреб и покрај предупредувањата и забраната од УЕФА отпатуваа за Атина. Дошло до тепачка меѓу нивните навивачи и симпатизери на АЕК и таа завршила со трагичен исход.