Тимот на Струга Трим Лум од денеска е посилна за два млади и квалитетни фудбалери кои ќе го засилат ростерот за предизвиците кои следуваат.
Се работи за Христијан Георгиевски и Беким Камбери кои предмалку Стружани ги претставија како новитети.
Георгиевски е млад фудбалер кој ја мина школата на Работнички, а потоа имаше и европски излет во тимот на МТК, а потоа беше дел и од Силекс.
Камбери пак е интернационалец кој доаѓа од Данска и кој во моментов има 19.години.