Судии дошле пијани на натпревар, “паднале“ на алко – тест па полицијата ги привела! (ВИДЕО)

480

Неверојатна вест ни доаѓа од Летонија, од тамошната трета лига. Имено судијата Андрис Крастинс и неговиот прв помошник Сергеј Калмук дошле на натпреварот, на кој требало да го судат, под дејство на алкохол. Играчите на обете екипи тоа го виделе и веднаш пријавиле. По неколку минути на стадионот се нашла и полицијата, па откако овие двајцата “паднале“ на алко-тестот, биле приведени.

По ова реагирал и Фудбалскиот сојуз на Летонија, која веднаш доживотно ги суспендирала двајцата судии а на играчите им се заблагодарлила на нивното совесно однесување. Мечот бил презакажан за следната недела, се разбира со други судии.

ПретходноНа Нејмар не му се доволни 320 милиони евра, ќе добие посебни бонуси!
СледноРодителите на хрватските хулигани ги молат Грците да им ги пуштат децата, имаат специјално барање