Точно една година му требаше на новиот газда на Челзи, Тод Боли, да потроши колосални 1 милијарда евра за нови засилувања на тимот.
Англиските медиуми пресметаа дека Тод Боли со доведување на Еквадорецот Мојсес Каиседо за рекордни 115 милиони фунти, преведени во евра, потрошил над една милијарда за нови играчи.
Откако го презеде клубот од „Стемфорд Бриџ“ во летото 2022 година, тој донесе дури 23 играчи за само една година. Некои во меѓувреме си заминаа од Челзи.
СИТЕ ЗАСИЛУВАЊА НА ЧЕЛЗИ ЗА ЕДНА ГОДИНА ВО РАЦЕТЕ НА БОЛИ:
134 милиони евра – Мојсес Каиседо
124 милиони евра – Енцо Фернандез
102 милиони евра – Михајло Мудрик
81 милиони евра – Весли Фофана
69 милиони евра – Марк Кукуреља
60 милиони евра – Кристофер Нкунку
55 милиони евра – Рахим Стерлинг
45 милиони евра – Аксел Дисаси
38 милиони евра – Калиду Кулибали
37 милиони евра – Беноа Бадиашиле
35 милиони евра – Мало Густо
34 милиони евра – Николас Џексон
33 милиони евра – Нони Мадуеке
29 милиони евра – Роберт Санчез
26 милиони евра – Лесли Угочукву
24 милиони евра – Карни Чуквуемека
15 милиони евра – Андреј Сантос
16 милиони евра – Анџело Габриел
12 милиони евра – Давид Фофана
11 милиони евра – Жоао Феликс
11 милиони евра – Обамејанг
8 милиони евра – Габриел Слонина
3 милиони евра – Денис Закарија