Искусниот дефанзивец Леонардо Бонучи заминува од Јувентус, но се уште е мистерија неговата дестинација. На почетокот на летото се зборуваше дека ќе продолжи во МЛС лигата но од тоа не излезе ништо.
Според неколку извори од Италија и Германија, три клуба се заинтересирани за 36-годишниот италијански бек.
Едниот е Унион Берлин кој го сака дефанзивецот во своите редови како помош во својата дебитанстска сезона во Лигата на шампионите. Другиот е Лацио кој наводно почнал преговори со Јувентус за ангажман на играчот.
Третиот е Ал Наср од Саудиска Арабија, пренесува британски „Атлетик“. Каде и да продолжи тоа ќе биде за една сезона.
Бонучи во мај најави дека ќе стави крај на играчката кариера по завршувањето на сезоната 2023/24.