Се чини дека Хари Кејн ќе добие парична казна од својот нов клуб и тоа од неколку илјадници евра. А за се е виновен спонзорот на “баварците“ Ауди. Имено познато е дека веќе две децении овој автомобилски гигант има договор со Баерн во кој секој фудбалер добива по едно “службено“ Ауди со кое мора да доаѓа на тренинг или натпревар.
Е сега во овие изминати денови, откако дојде во Минхен, Кејн тоа не го прави, доаѓа со возило кое не е Ауди и затоа најверојатно ќе добие казна.