Шпанија стигна до своето историско прво финале на Светското првенство за жени, откако забележа драматична победа од 2-1 над Шведска во екстра неизвесното финале во Оукленд, Австралија.
Шпанија доминираше во првото полувреме, а Шведска се бранеше. Во 42. минута Каталина Кол мораше да интервенира при волејот на Фридолина Ролф, што беше и единствениот прецизен удар во првото полувреме. Во вториот дел „Фуријата“ продолжи со притисокот, а во 70. минута Алба Редондо можеше да постигне гол, но паѓајќи на земја непосредно пред голот упати непрецизен удар.
🇪🇸 @SEFutbolFem are into their first #FIFAWWC Final!!! 👏
— FIFA Women’s World Cup (@FIFAWWC) August 15, 2023