Mакедонскиот ракометерн првак, Пелистер со убедлив пораз стартуваше на меѓународниот турнир во Добој. Битолчани беа инфериорни против Ал Ахли, кој славеше со 34:23.
Египетскиот тим доминираше и во двете полувремиња. По првите 30 минути беа подобри и имаа предност од 15:11.
Во вториот дел не се промени ништо, Ал Ахли поведе со 26:17 и до крајот без проблем го приведе мечот во своја корист.
Ракометарите на Пелистер нова шанса за победа ќе имаат утре против домаќинот, Слога Добој.