Ал Ахли си „собра“ и турски репрезентативец за 20 милиони евра

122

Централен бек во Ал Ахли. Третопласираниот во шампионатот во Саудиска Арабија за минатата сезона го ангажираше турскиот репрезентативец Мерих Демирал од Аталанта за 20 милиони евра за кого беа заинтересирани Интер, Јувентус и неколку премиерлигашки клубови.
Демирал ја прифатил тригодишен договор вреден 11 милиони евра по сезона, пренесува турски „Фанатик“. Аталанта веќе донесе негова замена, а тоа е Исак Хиен од Верона.
Демирал кој има 39 меча за Турција им се приклучи на Фирмино, Марез, Keси, Ибањез и Менди во Ал Ахли.

ПретходноГосенс станува најскапото засилување во историјата на Унион Берлин
СледноМундобаскетот без уште една ѕвезда: Порзингис нема да игра на СП