Баер си купи голман од Манчестер Јунајтед

172

Германски Баер Леверкузен ја засили голманската позиција со тоа што го ангажираше Матеа Ковар кој досега беше член на Манчестер Јунајтед. Чешкиот голман, кој има 23 години, направи трансфер во Манчестер Јунајтед во 2018 година од Словачко и две години настапуваше за младинските категории, а потоа прекомандуван во сениорскиот тим.
Но таму не заигра, беше трет и четврти голман па и позајмуван во Свиндон и Бартон, минатата сезона во Спарта Прага.
Леверкузен плати пет милиони евра, а голманот потпиша четиригодишен договор. Ова лето четата предводена од Чаби Алонсо беше засилена со Виктор Бонифејс, Гранит Џака, Јонас Хофман, Артур и Алехандро Грималдо.
Напуштија Муса Дијаби, Мичел Бакер, Карем Демирбај, Паулињо и Синкгравен.

ПретходноОфицијално: Нејмар потпиша за Ал Хилал – добива приватен авион, вила и високи бонуси…
СледноТри клуба „загреани“ да го донесат Бонучи