Динамо и Ристовски денеска против АЕК на „Максимир“

156

Денеска, конечно, по неколку дневно одложување поради немилите настани во Атина, ќе се одигра првиот меч од третото квалификациско коло за Лигата на Шампионите, помеѓу екипите на Динамо Загреб и АЕК.

Првично дуелот требаше да се игра минатата недела, во Атина, но поради навивачките нереди и смртта на еден од поддржувачите на АЕК, истиот УЕФА го одложи и го пренасочи во Загреб.

Сега, мечот ќе се игра пред полни трибини, а Динамо секако овојпат е фаворитот.

Нашиот интернационалец Стефан Ристовски секако во преден план, но овојпат за прв пат откако јавно се откажа од настапите за нашата А репрезентација.

Мечот почнува од 20:00 часот.

 

ПретходноДерби за Начевски и Николов во Добој
СледноШпанија стигна до историско финале