Ивановски поразен на стартот на челинџерот во Полска

80

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски е елиминиран на стартот на ИТФ турнирот во Гроџиск Мазовјецки во Полска, вреден 118.000 долари. Подобар од нашиот тенисер беше искусниот романски тенисер Мариус Копил.
Романецот го доби првиот сет со 6-4, потоа Ивановски го доби вториот со 6-1 и го изедначи резултатот. Во решавачкиот Копил беше подобар и славеше со 6-4 односно со 2-1 во сетови.
Да потсетиме дека Ивановски на претходниот турнир, во Бања Лука исто така доживеа пораз на стартот од францускиот тенисер Табур со 2-0 во сетови, а пред тоа го освои ИТФ турнирот во Инсбрук, Австрија славејќи во финалето над Кампана Ли од Јужна Кореја.

ПретходноДе Лаурентис кон ФИГЦ: Ќе нѝ платите ако го сакате Спалети за селектор
СледноОфицијално: Нејмар потпиша за Ал Хилал – добива приватен авион, вила и високи бонуси…