Малески во нападот на Брера

461

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Христијан Малески, од денеска е ново засилување за екипата на Брера Струмица. Досегашниот фудбалер на шампионот Струга ТЛ се сели на позајмица на една сезона во дресот на струмичкиот тим.

Стнува збор за млад 21-годишен фудбалер, еден од најдобрите напаѓачи во минатата сезона. Малески веќе има настапи и за младинската репрезентација до 21 година, а претходно настапуваше и за останатите возрасни категории.

ПретходноТри клуба „загреани“ да го донесат Бонучи
СледноОд петок во „Борис Трајковски“ почнува 47. издание на Меморијалот „Чајка“