На Нејмар не му се доволни 320 милиони евра, ќе добие посебни бонуси!

416

Нејмар за брзо време и официјално треба да стане дел од Ал Хилал. Бразилецот ги помина лекарските прегледи, а двата клуба се договорија за обештетување од 100 милиони евра. Бразилецот ќе потпише договор на 320 милиони евра на две години.

Сепак ова нема да биде доволно. Тој ќе има дополнителен поттик. Нејмар ќе има приватен авион за користење, голема куќа со целиот неопсходен персонал. За секоја победа на Ал Хилал ќе добие 80.000 евра, а за секоја промоција на Саудиска Арабија на неговата сметка ќе легнат 500.000 евра.

Бразилецот сакаше да игра во МЛС лига заедно со Лионел Меси, имаше интерес од страна на Барселона, на крајот заврши во Саудиска Арабоија.

ПретходноХари Кејн се соочува со парична казна од Баерн Минхен!?
СледноСудии дошле пијани на натпревар, “паднале“ на алко – тест па полицијата ги привела! (ВИДЕО)