Седлоски е единствен кандидат ако Милевски денеска добие отказ!

1725

Соочувањето на селекторот Благоја Милевски со членовите на УО на ФФМ е закажано за денеска од 13 часот. Отчетот на селекторот за лошите резултати, но и атмосфера во репрезентацијата може да доведе и до негов отказ, кој не е тајна дека се подготвува уште по дебаклот од Англија.

Опциите за Владан Милоевиќ и Миодраг Гроф Божовиќ се во втор план со оглед на тоа дека добро “крило” на членови од УО на ФФМ гласно коментораат дека Гоце Седлоски треба да биде новиот селектор на Македонија.

Екс-стоперот со 100 настапи во репрезентацијата пред 10 години беше в.д селектор на дуелот со Литванија кој го добивме во Скопје. Тој има успеси на клупата на Турново, Вардар и Шкупи и 4 тутули во мак-фудбалот. Но. има и три откази во ланската сезона и тоа два во Шкупи и еден во Влазниа (Албанија).

Интересен ќе биде денешниот ден со оглед на тоа дека по Стефан Ристовски и други репрезентативци најавиле дека ќе се повлечат од репрезентацијата ако Благоја Милевски остане на клупата.

ПретходноБарселона на следните два меча без Чави и Рафиња
СледноМанчини: Требаше да си отидам порано!