Струга Трим Лум посилна за Георгиевски и Камбери

953

Тимот на Струга Трим Лум од денеска е посилна за два млади и квалитетни фудбалери кои ќе го засилат ростерот за предизвиците кои следуваат.

Се работи за Христијан Георгиевски и Беким Камбери кои предмалку Стружани ги претставија како новитети.

Георгиевски е млад фудбалер кој ја мина школата на Работнички, а потоа имаше и европски излет во тимот на МТК, а потоа беше дел и од Силекс.

Камбери пак е интернационалец кој доаѓа од Данска и кој во моментов има 19.години.

ПретходноБалканска работа: На Србин му пропадна топ трансфер бидејќи неговиот татко сакал да ќари повеќе!
СледноДерби за Начевски и Николов во Добој