Претседателот на бугарската карате федерација и тренер на репрезентацијата, Алексеј Петров денеска бил застрелан во близина на манастирот во населба Драгалевци. Петров им подлегнал на повредите, додека пак до неговото тело била пронајдена жена која е во тешка состојба.
Румен Петков на бугарската јавност не и е познат само по неговата функција во каратетот, тој осум години работел во безбедносните сили и во антитерористичките сили, а во 2002 година против него бил извршен неуспешен обид за атентат.
Пектов пред 13 години бил приведен и обвинет дека е водач на криминалната група „Октопод“, која се занимавала со рекет и изнуда. Тој беше ставен во домашен притвор во октомври истата година, а обвиненијата беа сведени на рекет и изнуда против две лица од 1998 и 2000 година.