Шпетим Дуро пред утрешниот реванш со Есперанж: Струга ТЛ треба да го заборави резултатот од првиот меч!

113

Утре во Луксембург нашиот шампион, тимот на Струга ТЛ на гости кај Еспееанж ќе го одигра реванш мечот од 3.квалификациско коло во Лигата на Конференции. На првиот меч во Скопје резултатот беше 3:1 за нашиот тим, но вечерва на пресот стратегот на Струга ТЛ покрај другото рече дека тој меч и тој резултат треба да се заборави:

Да, точно е дека во реваншот влегуваме со предност од 3:1, но тој меч од Скопје и тој резултат треба да го заборавиме. Мора целосно да се фокусираме само за тоа што не очекува во вторите 90.минути. Се надевам, очекувам дека Струга ТЛ ќе одигра уште еден квалитетен европски натпревар“.

Дуро за Есперанж говори само во суперлатив:

Домаќинот нема што да загуби утре, токму затоа ќе биде агресивен, но нашиот тим мора да одговори со карактер. Имаме проблем неиграњето на Укпа кој не доби виза. Навистина несфатливо, па ние не гостуваме првпат во Европа. За мене тоа е бирокраија, тоа е нелогично. Сепак што е тука е, ќе мораме и без него да го дадеме максимумот и да се пасираме во плеј – офот“ заврши Дуро.

ПретходноВлатко Андоновски ќе си поднесе оставка од местото селектор на женската селекција на САД!
СледноПолувреме: Ен Несири “стрела“ за водство на Севиља, Сити во проблеми! (ВИДЕО)