Барселона се соочува со голем проблем пред стартот на новата сезона. Каталонскиот гигант може да остане без Домен Макуц, кој се повреди на дуелот против Партизан на турнирот во Добој. Словенецот веднаш е испратен во Шпанија на прегледи како треба да биде утврдено колки е сериозна повредата на левото колено.
Каталонскиот тим ова лето го продаде Лука Цинриќ, а токму Макуц требаше да биде прв опција на позицијата среден бек. Сега тренерот Ортега се соочува со голем проблем пред стартот на сезоната.
„Денеска целиот меч остана во сенка на повредата на Макуц. Чекаме да видиме за што точно станува збор, но дефинитивно не изгледа на добро. Го познавам Домен и тој ќе стори се за да се врати што поскоро, го очекува период надвор од терените, а ние ќе мораме да се регрупираме, нема сомнеж дека оваа повреда сериозно ни ги нарушува плановите“, изјави тренерот Ортега.