И покрај тоа што досега за една година потроши 1 милијарда евра за нови засилувања, новиот сопственик на Челзи не престанува да доведува нови играчи во клубот. Како што потврди инсајдерот Романо, Челзи го ангажираше бразилскиот талент Дејвид Вашингтон, откако играчот ги помина лекарските прегледи во текот навчерашниот ден.
Челзи за фудбалерот на бразилски Сантос ќе плати 16 милиони евра, со уште 4 милиони достапни во бонуси.
Сепак, се очекува дека младиот една сезона да игра на позајмица во француски Стразбур.