Глигор Христов е нов тренер на женскиот одбојкарски шампион Работнички

696

Глигор Христов ќе биде нов тренер на актуелниот македонски шампион во женска конкуренција, ОК Работнички. Христов се враќа во клубот со кој во 2019 година ја освои двојната круна, а годинава ќе се обиде да му помогне и за што подобро претставување на меѓународната сцена.

Работнички е прв македонски клуб во женска конкуренција кој по подолг период се пријави за настап во европските купови, па во октомври го очекува двомеч со романскиот тим Лугој во рамките на првата рунда од ЦЕВ Челинџ купот. Христов ја презема екипата која ги започна подготовките за новата сезона, а досегашниот прв тренер на тимот Душко Деспотовски ќе остане во стручниот штаб како негов асистент и прв човек на младинските категории во ОК Работнички.

ПретходноШафик Кагиму потпиша двегодишен договор со Работнички
СледноГерманците не му дадоа виза на Укпа: Нигериецот од Струга ТЛ остана во Скопје во очекување на позитивни вести!