Деко е новиот спортски директор на Барселона

113

Нови, подобри денови следуваат за тимот на Барселона. Клубот од Ноу Камп денеска го претстави својот нов спортски директор во името на португалската фудбалска легенда Деко, кој што патем голем дел од кариерата мина токму во Барселона.

Досега на оваа функција беше Матео Алемани, кој сепак во одреден момент побара да си замине. Потоа се предомисли, па до затворање на преодниот рок на почетокот на септември ќе работи заедно со Деко. Тогаш Алемани ќе одлучи дали ќе ја напушти Барса или ќе остане во клубот во друга улога.

Деко играше за Каталонците меѓу 2004 и 2008 година и освои пет трофеи со тимот.

ПретходноДимитриевски во тимот на колото во Ла Лига
СледноРома го официјализираше Ренато Санчез