Димитриевски во тимот на колото во Ла Лига

157

Екстра старт за нашиот репрезентативен голман во новата Ла Лига сезона. Откако Столе Димитриевски и неговиот тим Рајо Ваљекано извојуваа супер победа во првото коло на гостувањето кај Алмериа, нашиот голмнан е сврстен во најдобрите единаесет во целата лига.

Димитриевски имаше неколку забележителни одбрани со што спаси победа за својот клуб, кој нормално посакуваше ваков развој на настаните уште на стартот.

Ова за нас секако е многу добра вест, со оглед на фактот што не очекуваат септемвриски квалификациски предизвици со А репрезентацијата на кој Димитриевски ни е потребен во топ форма.

 

ПретходноПрва радост за Пелистер во Добој
СледноДеко е новиот спортски директор на Барселона