Иако минатата сезона заврши на најможен кошмарен начин, со губење на титулата и тоа на свој терен по поразот од Мајнц на свој терен во последното коло, сепак Борусија Дортмунд го има она што го нема никој во Бундеслигата. А тоа се нејзините навивачи. Овој клуб го на има “жолтиот ѕид“ на “Сигна Идуна Парк“.
Тоа треба да се доживее.
Па така до денеска Дортмунд успеал да продаде дури 55.000 сезонски билети за сезоната 2023/24 која стартува овој викенд. Се разбира дека се очекува оваа бројка да дојде до некаде 70.000 фанови, што е фантастично ако се знае дека капацитетот на некогашниот „Вестфален“ е 81.365 места.
На второ место според продадени сезонски билети е Баерн Минхен со 38.000 билети, потоа Ајнтрахт Франкфурт со 33.200, Лајпциг со 32.000….