Интер го доведе Карлос Аугусто како замена за Робин Госенс

144

Интер и официјално доби ново засилување во пресрет на стартот на новата сезона. „нероаѕурите“ синоќа го преставија дефанзивецот Карлос Аугусто од Монца како свое ново засилување, откако успеаја да постигнат договор за негова позајмица од Монца до крајот на сезоната. 

Интер има опција за откуп на договорот на 24-годишниот фудбалер. Исто така, миланскиот состав ќе има обврска да го откупи дефанзивецот, доколку се исполнат одредени услови од договорот. 

Според инсајдерот Фабрицио Романо, откупот ќе изнесува 13 милиони евра, плус бонуси. Бразилецот во Интер ќе го замени Робин Госенс, кој се сели во Унион Берлин.
ПретходноПромовирани дресовите со кои одбојкарите ќе играат на претстојното Европско првенство (ФОТО)
СледноФК Тетекс, ФК Љуботен и ЖФК Љуботен избркани од стариот и новиот стадион во Тетово!