Меси како гол-машина: Нов натпревар, нов гол и нова победа на Интер Мајами (ВИДЕО)

308

Аргентинската фудбалска ѕвезда, Лионел Меси со нов гол му помогна на својот тим Интер Мајами да обезбеди финале во Лига Купот на Северна и централна Америка, откако синоќа во полуфиналниот меч со Филаделфија, Интер Мајами славеше со 4:1.

Меси ја продолжи серијата голови за Интер Мајами на сите 6 одиграни  натпревари. Синоќа во 20. минута, Аргентинецот ја прими топката недалеку од центарот, тргна напред и прецизно шутираше со левата нога од триесетина метри во голот на Филаделфија.

Така тој постигна гол на секој од 6-те натпревари на кои настапи за Интер Мајами во Лига купот. Тимот од Мајами, пак, успеа да победи во сите 6 натпревари на кои играл Аргентинецот, а Меси влезе во ТОП 3 најдобри стрелци во историјата на клубот, откако досега веќе постигна 9 гола за својот нов тим.

ПретходноМундобаскетот без уште една ѕвезда: Порзингис нема да игра на СП
СледноПромовирани дресовите со кои одбојкарите ќе играат на претстојното Европско првенство (ФОТО)