Мундобаскетот без уште една ѕвезда: Порзингис нема да игра на СП

160

Уште една голема ѕвезда ќе го пропушти Светското кошаркарско првенство. Како што потврдија медиумите, Кристапс Порзингис, центарот на летонската репрезентација нема да биде дел од претстојниот Мундобаксет.

Летонската кошаркарска федерација веста треба да ја официјализира денеска, но нема дилемни дека кошаркарот на Бостон нема да патува за СП поради повредата на стапалото.

Тој правеше напори за опоравување, но лекарите го советувале да одмори, бидејќи нема шанси целосно да закрепне за време на шампионатот. Порзингис летово не настапи на ниту еден пријателски натпревар за репрезентацијата на Летонија.

ПретходноАл Ахли си „собра“ и турски репрезентативец за 20 милиони евра
СледноМеси како гол-машина: Нов натпревар, нов гол и нова победа на Интер Мајами (ВИДЕО)