Прва радост за Пелистер во Добој

336

По поразот од Ал Ахли, Пелистер брзо се исправи и дојде до првата победа на ТВ турнирот на шампионите во Добој. Македонскиот првак денеска имаше лесна задача, го совлада домаќинот Слога со убедливи 24-39.

Како што се очекуваше, битолчани лесно дојдоа до триумфот. Уште во првото полувреме го наметнаа своето темпо. Направија позитива од  четири гола која не беше тешко да се одржува (12-16).

По одморот, ракометарите на Пелистер го зголемија темпото, во 52 минута ја запишаа првата двоцифрена разлика, беше 23-33 за македонскиот првак.

Оваа победа ќе биде од големо значење пред утрешната пресметка со Монпелје, која е закажана со почеток во 19:10 часот.

ПретходноДонарт Ибраими со деби од соништата против Рома
СледноДимитриевски во тимот на колото во Ла Лига