Промовирани дресовите со кои одбојкарите ќе играат на претстојното Европско првенство (ФОТО)

330

Одбојкарската федерација на Македонија вчера ги претстави новите дресови со кои нашата одбојкарска репрезентација ќе настапи на претстојното Европско првенство во Скопје, од 30 август до 6 септември.

Трите комплети дресови беа промовирани во Агенцијата за млади и спорт, а доаѓаат од досегашниот снабдувач со спортска опрема на нашата репрезентација, италијанската компанија за спортска опрема „Ереа“.

Првиот дрес ќе биде во традиционална црвена боја, вториот ќе биде жолт комплет, а третиот дрес ќе биде темен со жолто-црвени детали.

Во последниот дел од подготовките за претстојното ЕП, нашата одбојкарска репрезентација од петок до недела во Скопје ќе има можност да одигра уште три силни контролни натпревари против селекциите на Египет, Јапонија и Грција во рамките на 47. издание на Меморијалниот турнир „Бранко Хаџииљоски – Чајка“.

ПретходноМеси како гол-машина: Нов натпревар, нов гол и нова победа на Интер Мајами (ВИДЕО)
СледноИнтер го доведе Карлос Аугусто како замена за Робин Госенс