Откако и дефинитивно се дозна дека Кевин Де Брујне ќе биде во “аут“ нешто подолго од очекувањата, тогаш Пеп Гвардиола и неговиот Сити тргнува по Дани Олмо, шпанскиот репрезентативец и член на Лајпциг. Олмо има откупна клаузула која изнесува 60 милиони евра, но таа може да се активира следната година, па затоа Сити се надева дека со 80 милиони евра би можел ова лето да го донесе на „Етихад“.
И сега најважното за Динамо Загреб. Ако овој трансфер се реализира тогаш тимот од Загреб ќе добие најмалку 10 милиони евра ако се знае дека тој во Лајпциг замина токму од Динамо и “модрите“ имаат право на поцент на следниот негов трансфер.