Како што вчера и денеска пишуваат медиумите во Турција, раководството на Трабзонспор е во преговори со кинескиот клуб Пекинг Гуан за позајмица на нашиот репрезентативец Аријан Адеми. Исходот од овие преговори сеуште не е познат.
Инаку, според турските медиуми, Трабзон сака по секоја цена да доведе и искусен и квалитетен играч за врска, поточно дефанзивен играч за врска. Во “игра“ се неколку имиња меѓу кои и Адеми, за кого “притиска“ Ненад Бјелица, стратегот на Трабзон и екс – тренер на Адеми во Динамо.
Сепак ова е тешко остварливо. Инаку Трабзон беше силно заинтересиран за ангажман на Адеми, но овој пред неколку месеци сепак се реши да ја прифати понудата на тимот од Кина.