Манчестер Сити е победникот мечот од годинашниот УЕФА Суперкуп, во натпревар кој се одигра на “Караискаки“ во Атина. И тоа откако по 90.мнути беше 1:1, а потоа во пенал – рулетот славеше со 5:4. Гудељ е трагичарот кај Севиља кој во решавачкиот шут ја погоди стативата.
Интересен меч, тоа беше дуел на европскиот првак и победникот во Ла Лига а поуспешен беше тимот на Пеп Гвардиола.
Инаку на стартот од мечот Севиља изненади со висок пресинг, знаеше што сака и како да ја неутрализира таа позната игра на Манчестер Сити. Имаше и шанси за водство, но сепак тоа дојде во 25.минута кога Ен Несири убаво шутираше со глава за водство на шпанците од 1:0. Со тој резултат се замина и на пауза.
Во второто полувреме Севиља имаше два зицери, но Едерсон со супер одбрани го спаси својот тим од минус од два гола. Тоа го казни Палмер, на додавање на Родри за израмнување на резултатот на 1:1. Само две минути подоцна Ен Несири имаше зицер за ново водство на Севиља, но Едерсон одлично одбрани.
Во финишот се разгори битката, и на двете страни имаше шанси, Сити “притискаше“ по секоја цена да дојде до победнички гол.
Откако беше 1:1, се изведуваа пеналите во кои подобар беше Манчестер Сити со 5:4.
Manchester City – Sevilla #SuperCup
🔵 Erling Haaland✅
🔵 Julián Álvarez✅
🔵 Mateo Kovačić✅
🔵 Jack Grealish✅
🔵 Kyle Walker✅🔴 Lucas Ocampos✅
🔴 Rafa Mir✅
🔴 Rakitic✅
🔴 Gonzalo Montiel ✅
🔴 Nemanja Gudelj ❌pic.twitter.com/DxI9q6qqUH— FootColic ⚽️ (@FootColic) August 16, 2023
NEMANJA GUDELJ HITS THE BAR AND MANCHESTER CITY HAVE WON THEIR FIRST EUROPEAN SUPERCUP!#SuperCup
— Reyi (@Reinaldodcg9) August 16, 2023