Новајлијата во Премиер лигата, тимот на Шефилд Јунајтед го ангажираше играчот од средниот ред на Евертон, Том Дејвис. Тој потпиша тригодишен договор, а пристигнува во Јунајтед како слободен играч откако му истече договорот со „Карамелите“.
„Време беше да го сменам тимот и полн сум со ентузијазам поради проектот што го гледам овде. Премиер лигата е најдоброто првенство и мислам дека во Шефилд Јунајтед е вистинското место каде што ќе играм против најдобрите тимови и играчи. “ коментираше Том Дејвис пред клупскиот сајт.
Дејвис е производ на академијата на Евертон, каде што започна на 11.годишна возраст и го имаше своето деби за првиот тим во април 2016 година под водство на Роберто Мартинез. Две години подоцна, тој стана и најмладиот капитен на Евертон со 20 години и 60 дена, соборувајќи го рекордот на Стив Мекмахон од 1983 година.