Алкалоид го надигра Динамо Панчево

186

Алкалоид со победа го отвори меѓународниот турнир во Струга, откако славеше против Динамо Панчево со 27-23.

Македонскиот вицепрвак отвори со 3-1, водство кое го имаше во поголем дел од мечот. На другата страна Динамо во овој дел успеа само да изедначи, а по последните 8-8, избраниците на Кирил Лазаров со три гола во низа (Симоноски, Џонов и Митев) поведоа со 11-8 во 27 минута. Алкалоид не искористи напад за плус четири. На одморот резултатот беше 12-9, во добро светло се покажа Ромеро, кој имаше шест интервенции.

Македонскиот вицепрвак по само пет минути игра во второто полувреме дојде на плус пет (15-10), оваа позитива ја имаше и во голем дел. По серијата на Динамо од 3-0 за 16-13, Алкалоид врати за нови плус пет 18-13 пред средината на овој период.

Ракометарите во 49 минута успеаја да доближат на 20-18, па Лазаров направи промена на мрежата, влезе Трајковски на местото на Ромеро. Искусниот голман внесе свежина, а неговиот тим одржуваше позитива од два до три гола.

Кристијан  Симоноски постигна шест гола (пет од пенал), Мартин Серафимов запиша четири. Кај гостите голманот Ќировиќ имаше 12 интервенции.

ПретходноДортмунд има она што го нема никој во Бундеслигата: Досега продадени 55.000 сезонски билети!
СледноУЕФА Суперкуп: Сити по пенал-рулетот за славје во Атина! (ВИДЕО)