Веќе нема дилеми: Бернардо Силва донесе одлука

860

Бернардо Силва беше еден од најдобрите фудбалери на Манчестер Сити минатата сезона, а долго време се зборуваше каде ќе ја продолжи кариерата.

Прво Силва долго време беше поврзуван со Барселона и ПСЖ, а потоа во шпекулациите се приклучија и клубови од Саудиска Арабија.

Бернардо Силва реши сето тоа да го одбие, па реши да остане во Манчестер Сити.

Така барем тврди Фабрицио Романо.

„Бернардо Силва усно се согласи да потпише нов договор со Манчестер Сити. Потврди клубот“. 

ПретходноДури осум од десетте најплатени фудбалери во светот играат во С.Арабија
СледноУбиен e претседателот на бугарската карате федерација!