Донарт Ибраими со деби од соништата против Рома

1361

Младиот македонски интернационалец Донарт Ибраими, своето деби за новиот клуб Партизани од Тирана го имаше на пријателскиот меч против тимот на Рома.  Откако замина за Албанија пред еден месец, младиот офанзивец неколку недели чекаше за своето прв меч.

Истиот не можеше да дојде во подобар момент и против подобар противник. Гигантот од Серија А беше гостин на клубот од Тирана, а тренерот на Партизани им даде шанса на неколку млади играчи меѓу кои и на Ибраими.

Тој инаку е дете ЊУ Старс, а потоа замина во Работнички генерација „2004“.  Изминатиот период одигра добро како позајмен фудбалер во екипите на Слога Виница односно Кожуф. Ибраими секако има забележано и настапи за младинските селекции на Македонија.

ПретходноНикогаш не паднал толку ниско: Рамос никогаш не беше наша опција!
СледноПрва радост за Пелистер во Добој