Екипата на Кожув полека го гради составот за новата сезона во која ќе биде под водство на актуелниот македонски селектор, Александар Јончевски.
Од таборот на гевгеличани се пофалија дека останува капитенот Илија Колев.
Претходно Кожув ја продолжи соработката со Горан Главчев, ново име е искусниот плејмејкер Димитар Караџовски.