Манчестер Сити е апсолутно најдобар тим во Европа. Вечерва во Атина, во меч од УЕФА Суперкупот, тимот на Пеп Гвардиола беа подобри од Севиља во пенал – серијата, со тоа ги казнија сите оние промашувања на Севиља и на крај се радуваа на нов трофеј.
Откако пред два месеци станаа европски шампиони во Истанбул, вечерва во Атина славеа и во Суперкупот.
Ова значи дека Пеп и неговите “граѓани“ освоија уште еден пехар и тоа европски.
Дали тимот од „Етихад“ ја започнува своја доминација и во Европа, како што тоа го правеше Реал Мадрид пред неколку години, останува да се види.