Заврши првото полувреме од мечот во УЕФА Суперкупот меѓу Манчестер Сити и Севиља, кој вечерва се игра на „Караискаки“ во Атина.
По малку изненадувачки, шпанскиот тим води со 1:0 и тоа со голот на Ен Несири во 25.минута кога по убавиот шут со глава ја затресе мрежата на европскиот првак.
Сити е во проблеми, едноставно ја немаше таа игра во оваа фаза од мечот кој се очекуваше од составот на Пеп Гвардиола.
Sevilla took the lead 1-0 with Youssef En-Nesyri's goal. Manchester City and Pep Guardiola in shock!pic.twitter.com/RLrPtLNDlK
— FootColic ⚽️ (@FootColic) August 16, 2023