Рома денеска се пофали со своето најново засилување, а тоа е португалскиот интернационалец Ренато Санчез, кој доаѓа на позајмица од ПСЖ.
Од Рим кон Париза летово ќе бидат уплатени еден милион евра за позајмицата, а доколку Санчез настапо на 60% од мечевите за Рома сезонава, клубот ќе мора да го откупи и да плати додатни 15 милиони.
Минатата сезона Санчез одигра само 27 натпревари за ПСЖ и постигна 2 гола. Го мачеа повредите и главно доаѓаше како резерва.