Женската одбојкарска репрезентација на Италија со убедлива победа од 3:0 над Романија го започна настапот на Евроволеј 2023. Во воведниот натпревар од групата Б на отворено во римскиот амфитеатар познат како „Верона Арена“, Италијаците направија вистински спектакл. Италија е бранител на титулата на ова ЕП и домаќин на Европското првенство.
Антропова со 13 поени беше најдобра во составот на Италија, а ја следеше и Дегради со 11. Аделина Будаји-Унгуреану беше единствената Романка со 12 поени.
Во Арена ди Верона синоќа беа присутни речиси 9000 фанови кои имаа можност да присуствуваат на несекојдневно одбојкарско уживање. Денеска продолжуваат дуелите од групната фаза со три нови средби.
ДЕНЕСКА:
ГРУПА Б
18.00 Швајцарија – БиХ
21.00 Бугарија – Хрватска
ГРУПА Д
19.00 Франција – Естонија