Шафик Кагиму потпиша двегодишен договор со Работнички

323

Работнички доведе уште едно засилување за новата сезона во Првата фудбалска лига. Нов фудбалер е Шафик Кагиму, кој потпиша двегодишен договор со Работнички.

24-годишниот фудбалер од Уганда доаѓа од шампионот на Кенија, Гор Махиа Наироби, и игра на позицијата централен играч за врска. Тој треба да ја засили конкуренцијата во средниот ред на Работнички.

Шафик Кагиму кариерата ја почна во УРА Кампала, клуб од Уганда, од каде се пресели во првенството на Кенија. Работнички ќе биде негов прв клуб на европско тло.

За репрезентацијата на Уганда има одиграно 18 натпревари.

ПретходноБарса во агонија: Го продаде Циндриќ – се повреди неговиот наследник
СледноГлигор Христов е нов тренер на женскиот одбојкарски шампион Работнички