Денешниот број на италијанскиот престиѓен весник, Кориере Дело Спорт, на големо ја испромовира идејата за влезот на Арапските клубови во Лигата на Шампионите од сезоната 2025 година. Наводно, дел од нив ќе добијат специјални вајлд карти со кои ќе можат да бидат дел од најјелитното клупско натпреварување на светот, кое пак се досега е резервирано исклучиво за клубовите од Европа, дел од УЕФА семејството.
На ова, самата УЕФА не реагираше официјално, но реагираше еден од нејзините главни оперативци во моментов, хрватската фудбалска легенда, Звонимир Бобан. Тој со голема доза на укор кон инаку сериозниот италијански медиум ги отфрли овие невистини и рече дека се работи за чиста шпекулација.
„Тоа се тешки измислици кои ги пласира наводно сериозен медиум од Италија. Сериозни новинари и новински куќи на коректен начин не контактираат и прашуваат дали е тоа вистина. Не „тресат вакви глупости“. Лигата на Шампионите, како и сите натпреварувања организирани од УЕФА, ќе бидат составени единствено од Европски клубови. Тоа претседателот Чеферин го има кажано многупати. Очигледно дека кога не ти се допаѓа вистината тешко е да ја напишеш, но во таков свет живееме. Или подобро речено некој живее“ – изјав Бобан за хрватскиот Јутарњи Лист.
За потсетување, од следната година Лигата на Шампионите ќе го менува својот формат и ќе се укинат групите. Ќе се зголеми бројот на учесниците од 32. на 36.