Се чини дека Англичаните, односно Фудбалската федерација на оваа земја подготвува “фудбалска револуција“. Островот е колевката на фудбалот, па редно е и таму да дојде до нешто што во минатото беше нешто незамисливо.
А тоа е на местото селектор на машката фудбалска репрезентација на Англија да биде жена.
Во моментов тоа е Герет Саутгејт, но тој нема вечно да биде, а уште сега се знае кој ќе биде неговиот наследник, односно наследничка, а тоа е Сарина Вигман, која што сега е селектор на женската репрезентација и која со нејзе има фантастични резултати.
“Сарина има супер резултати со женската селекција. Среќен сум поради нејзе, сметам дека таа е најдобрата личност да го наследи Саутгејт. Па што ако е жена? Каква врска има тоа ако таа е најдобриот кандидат“ изјави Извршниот директор на ФА, Марк Бјулингам.