Ова се сите “лудории“ кои Нејмар ги барал и ги добил од Ал Хилал!

2455

И официјално Нејмар, бразилската мега – ѕвезда во наредниот период ќе настапува за Ал Хилал и тоа за астрономска плата која со бонуси ќе биде некаде околу 160 милиони евра или 320 милиони евра за две години.

Тоа е веќе повеќе или помалку познато, но вреди да се види кои сите “лудории“ Нејмар го барал и што е најважно, ги добил од неговиот нов клуб, тој се ова кое што подолу ќе го прочитате го има ставено во договорот во вид на клаузула:Image

-Вила со 25 соби

-Базен од најмалу 4х10 метри и три сауни

-Пет работници со полно работно време кои ќе се грижат за вилата

-Помошничка за својот личен кувар и две хигиеничарки

-Во фрижидерот да има постојана залиха со неговиот омилен пијалак Акаи сокот

-Да има осум автомобили, од кои три веќе се во гаражата и тоа Бентли, Астон Мартин и Ламборџини Хуракан

-Да има на располагање неколку возачи 24 часа на ден или 365 денови во годината

-Секако дека му е ставен на располагање и приветен авион и секде каде што сака да патува во текот на слободните денови тоа ќе му се плати

-Сите хотелски сметки, сметки од ресторани или слично, било каде во светот што ќе ги направи Нејмар ќе треба да се праќаат на адресата на Ал Хилал

-Ќе добива по 500.000 еура по објава на своите социјални мрежи, односно на Инстаграм, ако ја пропагира С. Арабија

Се разбира дека ова не е се,ова е само дел од она што Нејмар ќе го добива од клубот од С. Арабија покрај тие 160 милиони евра нето плата.

Па на здравје. А обичниот фудбалски фан кој не знае како да врзе крај со крај впо текот на месецот и натаму нека се расправа кој е подобар, Меси, Роналдо или Нејмар, или можеби Мбапе со 120 милиони годишна плата од ПСЖ и пак не му се доста.

ПретходноПеп и “граѓаните“ со уште еден трофеј! (ФОТО)
СледноАрсенал без Тимбер до пролетта идната година